Летниот одмор е еден од најубавите периоди од годината, исполнет со вистинска релаксација и уживање. Меѓутоа, подготовките за одморот за некого знаат да бидат голем проблем од организациски аспект – потребно е да изберете каде ќе одите, да се подготвите навреме и со себе да ги понесете неопходните работи за да минете летување без грижи. За таа цел одвоивме неколку совети кои можат да ви помогнат полесно да се организирате:
1. Одберете ја вистинската понуда
Зависно од тоа колкав буџет имате одредено и каде сакате да летувате, утврдете ја посакуваната дестинација. Потоа, посетете ги туристичките агенции и информирајте се за понудите. Добро е и да ги прегледате коментарите од оние кои веќе престојувале во местото каде сакате да се сместите, за да знаете што да очекувате.
Откако ќе ја одберете локацијата, разгледајте ги сите места и настани кои можете да ги посетите додека сте таму.
2. Направете си список
За да не се грижите дали нешто ќе заборавите, направете список за сè што ви е потребно за летниот одмор и сè што треба да завршите пред да отидете. Испечатете ги сите резервации од местата за престој и билетите за превоз. Проверете која документација ви е потребна за патување надвор од државата тука и поставете ја на исто место заедно со билетите и резервациите.
Доколку преферирате користење на што е можно помалку хартија, можете да употребите Ipad или мобилен телефон за подготовка на електронски список за полесна организација, а воедно и достапност до сите резервации. Од практичен аспект добро е да набавите и мобилен полнач за електронскиот уред во случај да останете без батерија.
3. Одберете соодветен куфер
Зависно од времетраењето на патувањето, одберете го куферот во кој ќе ги спакувате работите. За пократко патување, понесете ги само неопходните работи и не претерувајте со облеката. Кога станува збор за куферите, особено мора да внимавате на безбедноста на својот багаж. Одберете куфер DELSEY LA DEFENSE за максимална безбедност кој може да го најдете тука.
Доколку сте дел од оние што сакаат да патуваат со стил, одберете од колекцијата софистицирани куфери DELSEY HONORE+, сега по намалување од 22%.
4. Како да се спакувате?
– Кршливите предмети и оние што лесно можат да се оштетат ставете ги во средина на куферот помеѓу облеката.
– Не заборавајте со себе да понесете неколку кеси во кои ќе можете да ставите валкана облека.
– Ставете најлон под капачињата од козметиката за дополнителна заштита, односно да спречите да се разлеат врз останатите предмети и облека.
– За да заштедите простор, не ја диплете облеката, туку пробајте да ја завиткате како ролна.
5. Фотографии
Со сигурност ќе сакате да ги овековечите моментите од летувањето, без разлика со кого сте на патување. Искористите ја оваа понуда и набавете си водоотпорна дигитална камера со бесплатна достава тука. Исто така можете да ја искористите можноста да си купите фотоапарат Canon IXUS 265 HS по намалена цена.
Сите останати производи кои ви се потребни за летниот одмор можете да ги најдете на следниов линк.