Пет производи од прехранбената индустрија во Србија се закитија со признание за првокласен вкус, пренесува Е-капија.
Со наградата Superior Taste Award, којашто ја доделува International Taste Institutе се “закитија“ суви сливи, намаз од малина, ладно цедено масло од семки од тиква, суров мед со лиофилизирана слива во прав и српски ајвар.
“Речиси 200 светски готвачи и сомелиери го оценуваа вкусот и квалитетот на производи од целиот свет“, изјави Лорен ван Вајнхоув, директор на Институтот.
Наградите ќе бидат официјално доделени на 24 јуни во Брисел, каде што ќе присуствуваат и преставници од петте српски наградени компании Agranela од Ваљево, Real Red Raspberry од Бечеј, Ecovital од Бикич Дол, Happy Honey од Белград и Strela од Лесковац.
Superior taste award е најпознат независен сертификат на глобално ниво од областа на прехранбени производи за широка потрошувачка.