Пет стравови што можат да ви ја уништат кариерата

245

tazno-lice-pixabay

Фото: Pixabay

Постојат различни видови на стравови коишто можат да ја загрозат вашата бизнис кариера, кои можат да направат да се откажете од посакуваните цели поради емоционални бариери што ви се чинат ненадминливи.

Овие пет стравови се најчести меѓу луѓето, па затоа прочитајте како можете да се справите со нив:

1. Страв од јавен настап

Ако вистински имате страв од јавен настап, тоа значи дека ќе ги избегнувате сите проекти што бараат јавно обраќање и говори. За да го победите овој страв постојат повеќе начини, преку учество во разни работилници и курсеви. Како што се надминуваат и повеќето стравови, колку повеќе вежбате, толку повеќе ќе ви се зголемува самодовербата.

2. Страв од неуспех

Стравот од неуспех кај секого различно се манифестира. Додека едните ги избегнуваат проектите во коишто стапката на неуспех е висока, другите се борат со перфекционизам или саботирање на самите себе. Еден од начините како да се реши стравот од неуспех е да го дефинирате најлошото можно сценарио, коешто дури и да се случи нема да биде толку страшно.

3. Страв од успех

Иако можеби ви се чини чудно, ама стравот од успех може многу да го спречува напредокот во кариерата. Исто како и стравот од неуспех, стравот од успех ќе ве доведе да ги избегнувате предизвиците со што ќе ги загрозите целите. Сето тоа ќе доведе до намалување на сопствените вредности и достигнувања, а ќе верувате дека дури и да постигнете успех, нема да можете да успеете да го задржите. Решението против овој страв лежи во самоконтролата.

На пример: ако се плашите дека успехот од вас ќе бара да работие нонстоп, зацртајте си дека ќе престанете да работите во 19 часот и дека ќе ја имате секоја недела слободна.

4. Страв од донесување одлуки

Не само што се плашат дека ќе донесат погрешни одлуки, многу луѓе се плашат да донесат било какви одлуки и не ја воочуваат разликата помеѓу грешки и погрешни одлуки.

5. Страв од промени

Многумина бараат промена на работното место, а кога тоа ќе се случи тогаш настапува стравот. Природно е да се чувствува одреден страв, ама сепак е многу важно тој да не ве обземе целосно. Прифиаќањето на промените и прифаќањето на стравот е првиот чекор во напредокот. Акцент треба да ставите на комуникацијата: испитајте, изразете ги своите стравови и прашајте како се чувствуваат другите. Откако ќе бидете информирани за тоа што се случува, потрудете се да го задржите позитивниот став кон нештата.