Пет светски знаменитости коишто исчезнале во последните пет години

410

Само во последниве години многу културни, историски и природни ресурси се “избришани“. Речиси за секое е виновен човекот, без оглед дали тоа се должи на климатските промени, небрежност или директна употреба на сила. Овие се примери на изгубена архитектура и природа само во последните пет години.

Нотр Дам, Париз

Кога пожарот го зафати Нотр Дам, светот беше шокиран и настанот стана лична трагедија за секој француски граѓанин. Ремек делото на француската готска архитектура го зафати пожар на 15-ти април 2019 година. Според полицискиот извештај, пожарот започнал на средина на покривот на самата катедрала. Причините за оваа трагедија сè уште се испитуваат, а една теорија е дека пожарот е поврзан со извршување на работи во катедралата во моментот на несреќата. Во својата долга историја, Нотр Дам го претставува религиозниот, културниот и образовниот центар на Франција и светот. Тој беше инспирација за некои од најистакнатите уметници.

Плажа Легзира, Сиди Ифни, Мароко

Прекрасниот премин на плажата Легзира беше симбол на Мароко сè додека не се сруши во септември 2016 година. Сè што остана од ова обележје, што привлече илјадници туристи на оваа плажа, стана куп карпи и песок. Неколку месеци пред трагедијата, луѓето забележале пукнатини во лакот, како и карпи што паѓаат од земја. Жителите ги обвинуваат надлежните за овој колапс. Тие веруваат дека би можеле да го поддржат овој славен лак за да не пропадне.

Храмот Бел, Палмира, Сирија

Главниот храм на Палмира е уништен во 2015 година за време на војната во Сирија. Храмот Бел бил еден од најважните религиозни храмови кои датираат од првиот век. Сè што останува од него, се два столба кои стојат на средина од урнатините. Градот Палмира е заштитен од УНЕСКО, а уметноста и архитектурата создадени во првиот и вториот век, исчезнаа во урнатините на античкиот град.

Национален парк Joshua Tree Калифорнија, САД

Националниот парк  е прекрасно место што може да се пофали со уникатен пустински екосистем, надреални геолошки карактеристики и најразлични необични растенија. Намалувањето на бројот на ренџери кои се грижат за паркот доведе до вандализам. Луѓето отсекуваа дрвја, палеле оган, ја оштетувале патеката и пишувале графити низ целиот парк. Еден од одговорните лица во паркот смета дека на паркот ќе му бидат потребни 200 до 300 години за да се опорави од штетата што ја направила за само неколку недели, пишува Bright side.

Малата сирена, Копенхаген, Данска

Скулптурата Мала сирена е дизајнирана од Едвард Ериксен во 1909 година. За кратко време од своето постоење, неколку пати е уништено. Прекрасната сирена била обезглавена двапати, останала без рака, испрскана со боја и насликани графити низ неа.

Фото: Pexels