Pet Taxi Snupi: Такси превоз и прошетка на домашни миленици во БиХ

428

pet taxi snupi

Pet Taxi Snupi, односно такси за домашни миленици, е здружение од Босна и Херцеговина што се занимава со превоз на кучиња и нивните сопственици на посакуваната дестинација, пишува Oslobodjenje.ba.

Превозот може да се добие во подрачјето на Сараево, друго место во Босна и Херцеговина или надвор од земјата, како и превоз на годишен одмор на море, планина или некоја друга дестинација.

“Доколку сопственикот е зафатен, ние ќе дојдеме на домашна адреса по неговиот миленик, ќе го однесеме на третман за разубавување или на преглед кај ветеринарот. Кога сопственикот треба да замине на пат, а не е во можност да го земе со себе и своето куче, нашиот хотел може да биде заменски дом, којшто чини околу седум евра дневно, цена во којашто се вклучени превоз и храна. Доколку сте зафатени и не му посветувате време за прошетка, ние тоа ќе го правиме за вас секој ден, по цена од 100 евра месечно“, вели Мелиха Хасановиќ од Pet Taxi.

Тие нудат и специфична програма за дресура на кучињата, а планираат да отворат и “градинка“ и кафуле за домашни миленици.