Пет вистини за започнување сопствен бизнис, a кои ретко ги слушате

843

Питер Баскервил, претприемач, едукатор и сопственик на 30 различни компании, открива неколку митови за поседување на мали компании, особено во раните фази на бизнисот.

Мит 1: Поседување на компанија значи дека можете да работите кога сакате

Вистината е сепак дека не ја поседувате вие компанијата, туку таа ве поседува вас. Ако правилото на компанијата е дека на потрошувачите е достапна 24/7, тогаш на вас како сопственици останува да го почитувате тоа, па дури и кога тоа значи дека треба вие да работите – што обично е случај. Вообичаено е луѓето што поседуваат компании да работат 80 – 100 часа неделно за да преживеат и на крајот да успеат во бизнисот.

Мит 2: Ќе заработите богатство ако имате сопствен бизнис

Гледајќи ги цените што работодавaчите им ги наплаќаат на клиентите, многу вработени сметаат дека сопствениците заработуваат богатство. Но, дури тогаш кога ќе започнат свој бизнис, го гледаат големиот број на трошоци што треба да ги покријат.

Мит 3: Да имате сопствен бизнис значи дека вие сте свој шеф и не мора да одговарате на никого

На некој начин ова е точно, кога сте сопственик за вашите постапки, навистина не одговарате на вашиот шеф, но сега одговарате на уште повеќе шефови, за почеток, тие се клиентите, потоа вашите вработени, партнерите, добавувачите. Овие се само некои од вашите “шефови“ на кои ќе мора да одговорите.

Мит 4: Ако имате компанија значи дека можете да имате дефинирана плата за себе

Она што е поважно од сопствените потреби и желби е опстанокот на компанијата. Затоа, ако работата бара да го сторите тоа, ќе треба да се откажете од својот удел за да бидете сигурни дека компанијата ги плаќа своите сметки и продолжува да напредува.

Мит 5: Компанијата ќе биде успешна од првиот ден

Поточно, многу малку бизниси се профитабилни од првиот ден. Повеќето од нив бараат одреден временски период да станат профитабилни, понекогаш тоа е период од три месеци до три години. Исто така, ако сопственикот на компанијата нема доволно обртен капитал за да ги покрие направените загуби сè додека бизнисот не е профитабилен, тогаш ќе се појават проблеми со ликвидноста.

Фото: Pexels