Пет ЗА за лутата храна

77

luta-hrana

Фото: Pexels

Дали лутата храна е добра или лоша за нашето здравје? Истражувањата велат дека оние луѓе кои конзумираат лута храна во умерени количини придонесуваат за своето здравје во неколку сегменти.

Еве кои се петте причини зошто треба да јадете луто.

Помага во губење на килограмите

Лутата храна помага при согорување на калориите. Црвените лути пиперчиња се одлични за подобрување на метаболизмот, што го потврдува и едно истржување спроведено во 1998 година на Универзитетот Лавал во Канада. Тие го намалуваат чувството на глад, па така освен ефективно согорување на енергијата, ќе избегнете и вишок на килограми.

Анти-канцерогено дејство

Според Американската Асоцијација за борба против ракот, капсаицинот може да уништи одредени канцерогени клетки. Турмерик, состојка која ја има во карито и во некои видови на сенф, може да го намали ширењето на канцерогените клетки и тумори. Доколку се конзумира со бибер, благотворното дејство на турмерикот ќе биде уште поголемо.

Го штити срцето

Истражувањата потврдуваат дека во оние земји каде лутата храна често се конзумира, луѓето помалку страдаат од срцеви удари. Лутите пиперчиња го намалуваат лошиот холестерол во крвта (LDL), додека капсаицинот помага против воспаленија кои можат да предизвикаат проблеми со срцето.

Ги ослободува дишните патишта

Страдате од синуси? Лутата храна многу помага за намалување на затнатоста кај синусите и носната шуплина. Исто така, таа ја зголемува телесната температура и овозможува организмот подобро да се бори против грипот. Црвените чили пиперчиња помагаат и кај оние луѓе со респираторни проблеми, како хроничен бронхитис и астма.

Го подобрува расположението

Лутата храна е добродојдена кога доброто расположение не ве служи, поради тоа што го стимулира создавањето на сератонинот или хормонот на среќата. Доколку сте љубители на луто, еве уште една причина да конзумирате таква храна кога сте депресивни или под стрес.