Пет здрави намирници кои се задолжителни во зимскиот период

251

Што треба да биде вклучено во вашето секојдневно мени кога температурите паѓаат под нулата, дознајте во продолжение.

Зелјести растенија (блитва, спанаќ, кељ, прокељ, брокула…)

prokelj

Овие зеленчуци се богат извор на витамин А, Ц и К, железо и се особено корисни за бремени жени и доилки.

Цитрусни овошја (лимон, портокал, цитрон…)

Цитрусните овошја се исто така исклучително богати со витамин Ц, а содржат и флавоноди кои помагаат во намалувањето на лошиот ЛДЛ холестерол и триглицеридите во крвта.

Тиква

tikva

Покрај витамин А и Ц, Б6 и К, тиквата содржи и фолна киселина и калиум. Најдобро е да се конзумира без додатоци, печена или варена за да се задржат нутритивните вредности што ги има.

Калинки

Сокот од калинки е многу богат со антиоксиданти и помага во намалување на холестеролот во крвта. Една чаша сок дневно ќе делува навистина благодетно за вашиот организам.

Мед

med-1

Медот е најдобриот засладувач што може да постои, а со своите антибактериски својства тој е совршен сојузник во зимата против настинките.

Фото: Pexels