Турскиот туристички град Анталија е домаќин на меѓународниот саем на чевли, Eksposhoes, којшто ќе трае три дена.
Според турските медиуми, на овој саем има 100 домашни изложувачи и 1.000 странски купувачи, најголем дел од Русија, балканските земји и од Европа.
На првиот ден од саемот беше претставен луксузен пар чевли со дијаманти и злато, дело на пет жени, што чини околу 12.500 долари.
Целта на саемот е промоција на производителите на чевли во Турција и да го зголеми потенцијалот и поттикот на оваа индустрија.
Организаторите на саемот велат дека се преземени сите мерки за заштита од спречување на ширење на коронавирусот.
Фото: Freepik