Пет знаци дека вработените не ве сакаат

29

palec-nadolu

Фото: Pixabay

Кога сте на лидерска позиција, тешко е да дознаете како луѓето гледаат на вас. Вие можеби себе си се доживувате како добар шеф што шири позитивна енергија во компанијата, меѓутоа реалноста може да биде сосема спротивна.

Прочитајте пет знаци што ќе ви кажат дали вработените ве сакаат или мразат:

1. Голем процент на заминувања

Ако често се случува вработените да заминуват по кратко време откако биле ангажирани, тогаш причината за тоа сте токму вие. Можеби ангажирате луѓе не се соодветни за дадената работна позиција или не им се допаѓа начинот на којшто го водите бизнисот, па одлучиле “среќата“ да ја бараат на друго место.

2. Вработените се жалат

Приговорите секогаш го наоѓаат патот до субјектот и во овој случај тоа сте вие. Без разлика дали лицето од човечки ресурси ќе ви пренесе како се чувствуват вработените или ќе дознаете од обичните озборувања, важно е да знаете каква е атмосферата во компанијата и да се подобрите.

3. Вработените ве избегнуваат

Можеби имате “отворена врата“ за сите вработени, но колку од нив всушност ја користат? Ако забележите дека вработените ве избегнуваат, тоа е најдобар знак дека нешто не е во ред. Другиот знак е говорот на телото на состаноците – ако вработените избегнуваат контакт со очите или се погледнуваат меѓусебно.

4. Не знаете како се чувствуваат вработените

Вработените нема да имаат сериозен пристап кон работата, ако раководството на компанијата не знае што се случува и како луѓето се чувствуваат секојдневно во работниот колектив.

5. Премногу работите

Древната мудрост вели дека ако менаџерот коректно ја работи својата работа, тогаш тој работи мудро, а не напорно. Наместо сите работни часови да ги вложувате во дневната оперативна работа, поумно е да инвестирате во развојот на компанијата.

Добриот менаџер доделува работни задачи и има доверба во својот тим, а не им “дише во врат“ на вработените.