Петар Стојковски, директор за продажба за српскиот пазар од Витаминка, е еден од 40-те најуспешни млади лидери прогласени на годинешната Global Top Brand Awards програма, стои во соопштението.
Стојковски е издвоен врз основа на неговите успеси во досегашната кариера и постигнатите резултати во зацврстување на позицијата на Витаминка и нејзините брендови на српскиот пазар, вклучително и подобрено поставување и позиционирање во ова високо конкурентно и побарувачко опкружување како и за веќе докажаните резултати на меѓународно ниво.
“Стекнувањето со едно вакво признание е голема чест, но и можност за отворање нови видици и перспективи. Со претставување на иновативноста и визионерството на добитниците, се отвораат неограничени можности за успех и тоа не само на индивидуален, туку и на колективен план, пред сè за компанијата и воопшто за деловните капацитети на земјата”, вели Петар Стојковски од Витаминка.
Наградата 40 under 40 е една од најпрестижните и најпопуларните признанија во бизнис светот и секој кој се здобил со вакво признание се очекува да создаде извонредна кариера и да постигне огромни успеси во иднина.
Business Elite’s 40 under 40 како бренд на Global Top Brand Awards е програма којашто ги препознава и ги признава успешните луѓе од бизнисот и ги вмрежува со цел зголемување на нивниот бизнис и профит и основа за идна соработка. Церемонијата Business Elite’s 40 under 40 се одржа во Амстердам во грандиозната Huis Bartolotti, каде што официјално беа доделени статуетките на 40-те најамбициозни и најуспешни млади бизнис лидери, визионери, иноватори под 40 години од 10 земји од Источна Европа меѓу кои и Македонија.