Дизајнерот Рајан Марио Јасин создаде линија на детска облека што се шири и лесно се прилагодува како растат децата, пишува Dezeen.
Облеката има набори што се растегнуваат и прилагодуваат на детето, а инспирација за оваа иновација тој добил бидејќи на децата за кратко време облеката им е мала или тесна.
Petit Pli е отпорна на вода и ветер, а е наменета за деца од шест до 36 месеци. Во тој период, децата најбрзо растат и менуваат шест големини на облека.