Британската компанија за дијаманти, Petra Diamonds, го продаде својот 425-каратен дијамант наречен Legacy of the Cullinan Diamond Mine, на белгиската групација Stargems Group за 15 милиони долари.
Исклучителниот бел дијамант тип IIa беше пронајден во март во рудникот Кулинан, којшто се наоѓа во Јужна Африка. Истиот рудник каде што беше најден и најголемиот непреработен дијамант од 3.106 карати што денес е во сопственост на British Crown Jewels.
Petra работи на проширување на рудникот Кулинан, па оваа сума е добродојдена за покривање на долговите, пишува Mining.com.
Фото: Petra Diamonds