Петте најбезбедни градови во светот за патување по пандемија

52

Компанијата Economist Intelligence Unit, го објави својот индекс на безбедни градови во кој рангира 60 града врз основа на 76 показатели на безбедност. Мерките поради пандемијата ги направиле рангираните градови побезбедни, според испитаниците.

На врвот на листата се наоѓа Копенхаген, кој е најдобро рангиран поради индексот за еколошки развој, со кој се мерат одржливоста, квалитетот на воздухот, управувањето со отпадот и покриеност со зеленило.

Последниот фактор апсолутно влијаел врз тоа како градот и неговите жители се соочувале со ограничувањата за време на пандемијата, кои целосно се укинати од септември годинава.

„Парковите и зелените површини, како и водните површини, беа популарни за време на пандемијата. Жителите на Копенхаген шетаа купувајќи храна за носење и уживајќи во многу градски простори“, изјави извршниот директор на непрофитната организација Copenhagen Capacity, Асбјорн Овергард.

На второто место на листата се наоѓа канадскиот град Торонто. Жителите посочуваат на инклузивната култура во градот и добриот план за вакцинација според кој се вакцинираат и жителите што не можат да го напуштат домот.

Следува Сингапур ги кој во раните денови на пандемијата брзо воведе дигитален надзор и следење контакти. Земјата, исто така, може да се пофали со една од највисоките стапки на вакцинација во светот (во моментов 80%).

Сиднеј е меѓу првите 10 во однос на здравствената безбедност. Австралија беше една од првите земји што целосно ги затвори своите граници за време на пандемијата и задржа строги мерки за изолација со зголемување на бројот на случаи. Стапката на смртност од Ковид- 19 по глава на жител во Австралија останува една од најниските во светот. Кога вакцинацијата во Нов Јужен Велс ќе достигне 70%, многу од овие ограничувања се очекува да бидат укинати и меѓународните граници ќе се отворат во ноември.

„Навистина никогаш не се чувствував толку безбедно во земјата како што се чувствувам сега кога живеам во Сиднеј“, рече Клои Скорги, основач на австралиската туристичка веб-страница Passport Down Under, која првпат се пресели во Сиднеј во 2018 година.

Токио, главниот град на Јапонија е рангиран на петтото место во вкупниот индекс и е на самиот врв на индексот за здравствена безбедност, кој ги мери факторите како што се универзалната здравствена заштита, подготвеноста за пандемија, очекуваниот животен век, менталното здравје и смртноста од Ковид -19. Иако бројот на пациенти се зголеми за време на Олимписките игри, стапките драстично се намалија бидејќи бројот на вакцинирани достигна речиси 60 отсто од населението.