Pfizer ќе инкасира 15 милијарди долари од продажба на вакцини

21

Американската фармацевтска компанија Pfizer очекува околу 15 милијарди долари приходи од продажба на вакцините против коронавирусот во 2021 година, јавува CNBC.

Вакцината на Pfizer, што ја произведува заедно со германски BioNTech, е прва во САД што е одобрена за итна употреба.

Во текот на целата година, Pfizer предвидува вкупните приходите да му бидат меѓу 59,4 и 61,4 милијарди долари.

Фото: Freepik