Германски BioNTech и американски Pfizer се обврзаа оваа година да испорачаат милијарда дози вакцини против коронавирус на сиромашните земји и исто толку за следната година.
“Компаниите Pfizer и BioNTech се обврзаа да обезбедат две милијарди дози од своите вакцини против коринавирусот на земјите со средни и ниски приходи во текот на следните 18 месеци, од коишто милијарда до крајот на оваа година“, изјави Алберт Бурла, генерален директор на Pfizer.
Тој рекол дека на земјите со ниски приходи ќе им понудат вакцини по набавна цена, додека земјите со средни приходи би плаќање приближно половина од полната цена, за којашто се проценува дека изнесува 20 долари за доза, пренесува Ројтерс.
Од компанијата по оваа изјава соопштија дека Pfizer и BioNTech треба дополнително да одлучат дали нивната обврска ќе биде спроведена преку програмата на Обединетите нации за вакцини – Ковакс и во овој момент тоа не можат да го потврдат.
Ова ветување би значело и решавање на нерамномерната дистрибуција на вакцини против коронавирусот ширум светот, коишто досега во најголема мера ги добиваа богатите земји.
Фото: Facebook











