Глобалниот фармацевтски гигант Pfizer отвори нова фабрика за производство на пневмококна конјугирана вакцина во Истанбул, Турција. Ова е трета ваква фабрика на Pfizer, по првите две лоцирани во САД и Ирска.
Фабриката во Турција е со капацитет да произведува 75 милиони дози годишно.
Pfizer за производство на оваа вакцина во Турција соработуваше со Mefar Ilaç, подрузница на BirgiMefar групата.
“Овој важен проект започна во 2011 година како резултат на комбинацијата од финансиската и технолошката поддршка на Pfizer и знаењето и искуството на Mefar”, изјави Шефик Ренда, шеф на координативниот комитет на BirgiMefar.
Произведените вакцини ќе бидат наменети за локалниот пазар и за извоз во 18 земји.
Вакцината се користи против инфекции како што се пневмонија и отитис, предизвикани од пневмококна бактерија.