Pfizer произведе повеќе од 70 милиони дози вакцини

30

Pfizer и неговиот германски партнер BioNTech до крајот на 2020 година произвеле повеќе од 70 милиони дози вакцина против коронавирусот, објави извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.

“На крајот на последната недела од 2020 година, ние веќе произведовме повеќе од 70 милиони дози, а од тоа на пазарот се пуштени 50 милиони, бидејќи пред дистрибуција треба да се направи контрола на квалитет“, вели Бурла.

BioNTech објави дека двете компании го зголемија планираното производство за 2021 година на две милијарди дози, со оглед на тоа што се отворени нови производни линии и од едно шишенце може да се извадат две дози од вакцината.

Фото: Facebook