Pfizer развива антиковид пилула

23

Американски Pfizer, којшто заедно со германски BioNtech, разви вакцина против коронавирусот, сега развива и пилула за коронавирусот, којашто би била достапна до крајот на годината доколку испитувањата во САД и Белгија бидат успешни.

“Засега не постојат други лекови, освен вакцина, со коишто може да се спречи зараза со Ковид-19, но ако се открие барем еден, тоа ќе значи и крај за карантинот“, пренесува Daily Mail.

Експерименталниот лек Pfizer го испитува на луѓе и тоа во Белгија и САД. Антивиралниот лек, под името PF-07321332, би можел да им се дава на луѓе кои ги пројавуваат првите симптоми на инфекцијата со што би се спречило развивање на потежок облик на болеста.

Иако поголемиот дел од луѓето ќе се вакцинираат, таа не е 100% ефективна, а некои луѓе не можат да ја добијат, па затоа и коронавирусот и понатаму се шири.

Пилулата би можела да превенира развој на тешки форми на болеста кај луѓето кај кои вакцината не дава резултат.

Околу 60 лица се вклучени во првата фаза од испитување на лекот на Pfizeр, коешто треба да заврши на 25-ти мај.

Фото: Pexels