Philips развива “зелена“ фарма за здрава храна со LED осветлување

24

Deliscious lettuce grows with LED lighting Philips

Холандската технолошка компанија Philips го престави еден од најголемите истражувачки објекти за одгледување на растенија на затворен простор – Grow Wise.

Овој нов земјоделски центар ќе има за цел да им помогне на растенијата во нивниот развој со помош на светлината. Секоја земјоделска култура во овој центар ќе го добие потребното количество на светлина за да генерира висок квалитет и принос. Овој објект, што се простира на површина од 234 метри квадратни, е сместен во технолошкиот кампус во Ајдховен, Холандија.

LED сијалиците на Philips ќе ја генерираат потребната светлина за да расте вкусна и здрава храна во затворен простор.

Horticulture_3

“Нашата цел е да развиеме технологија којашто ќе овозможи одгледување на вкусна и здрава храна буквално насекаде. Истражувањата што ќе ги направиме ќе им овозможат на локалните производители на храна да го намалат отпадот, проблеми со недостиг на обработлива почва и трошоци за транспорт, произведувајќи практично без земја и вода“, изјави Гус ван дер Фелц, директор во Philips, задолжен за Grow Wise центарот.

philips

Овој истражувачки центар претставува чиста и стерилна средина што е целосно изолирана и овозможува целосно контролирање на условите за одгледување на растенија. Поради контролата на светлината што му е потребна на секое растение, во овие плодови нема да има присуство од штетни хемиски материи.

Philips е активен во хортикултурното осветлување од 1936 година и сега ја користи својата водечка позиција во LED осветлувањето за да развие одржливо земјоделско производство, од коешто што ќе се зголеми квалитетот на живеењето.