Philips за скоро четири милијарди евра го продава одделот за апарати за домаќинство 

41

Холандскиот електронски гигант, Philips најави продажба на својот оддел за апарати за домаќинство на инвестиционата компанија Hillhouse Capital за 3,7 милијарди евра, бидејќи компанијата сака да се фокусира на здравствена заштита

Hillhouse Capital, којашто има седишта во Хонгконг, Пекинг и Сингапур, ќе биде сопственик на брендот Philips на 15 години на уредите за кујнски апарати, за нега на домот и облеката…

“Задоволен сум што во Hillhouse Capital пронајдовме нов партнер за бизнисот поврзан со апарати за домаќинство, каде и понатаму ќе го зголемуваме пазарното учество, ќе ја засилуваме марката и ќе создадеме простор за нови инвоации“, вели Франс ван Хојтер извршен директор на Philips.

Компанијата, чие седиште е во Амстердам, започна како компанија за расвета пред повеќе од 100 години, а во последниот период прави големи промени, фокусирајќи се повеќе на апарати за здравствена заштита.

Од Philips во јануари лани изјавија дека планираат да го продадат својот бизнис што се занимава со кујнски и други мали уреди во следната година и половина.

Фото: Facebook