Photomath отсега може да препознае ракопис и да реши равенка

5

photomath

Хрватската апликација Photomath, којашто ја користи камерата на мобилниот телефон за решавање на математички равенки, сега може да се препознае ракопис, пишува Techcrunch.

Досега апликацијата, којашто е достапна за iOS оперативниот систем, решаваше само од учебници или збирки со задачи. Подобрената 3.0. верзија на апликацијата сега препознава и ракопис, што значи дека корисникот може да ја постави равенката на лист хартија, а Photomath да го реши математичкиот проблем.

Заедно со новата верзија е лансиран и систем под името Photomath +, којшто ги решава равенките како што тоа би го правеле луѓето – чекор по чекор до конечното решение. Овој систем ќе им помогне на корисниците, не само да дојдат до решението на некоја математичка задача, туку и да го совладаат процесот на нејзиното решавање.

Photomath + ќе биде достапен бесплатно до крајот на ноември, по што ќе почне да се наплаќа. Во САД апликацијата Photomath е симната повеќе од 36 милиони пати и е меѓу водечките апликации за едукација.