Пицерија во Измир: За брзо јадење пица – награда златник

152

Фото: Pixabay

Пицерија во турскиот град Измир им постави необичен предизвик на своите гости. Доколку успеат да изедат пица со дијаметар од 60 сантиметри за 30 минути, ќе добијат златник, пренесува Хуријет.

“Предизвикот трае околу шест месеци и имаме околу 1.000 луѓе кои досега учествуваа. Но, досега само шест луѓе успеаја да го остварат предизвикот“, вели Волкан Кантарџи, сопственик на пицеријата.

Специјалното мени 30dk60cm содржи пица со дијаметар од 60 сантиметри, 350 грама пржени компирчиња и литар сок. Секој кој ќе успее да го изеде оброкот за 30 минути, добива златник вреден 75 долари. Исто така, ако успешно го заврши предизвикот, гостинот нема обврска да плати. Но, доколку не успее да го изеде сето она што е предвидено со менито, треба да плати околу 17 долари.