ЕВ старт-апот Piech Automotive најави дека нивниот електричен спортски автомобил влегува во фаза на тестирање пред лансирањето на пазарот
Во 2019 година Piech Automotive го претстави Mark Zero ЕВ концептот, а сега, старт-ап компанијата истакна дека нивниот спортски автомобил влегува во фаза на тестирање, пред да биде лансиран на пазарот во 2024 година. Моделот го добива името Piech GT, а двосед купето е со слична големина како и Porsche 911, што се чини и некако логично со оглед на тоа дека прадедото на шефот Тони Пих е Фердинанд Порше.
Благодарение на пропорциите, дизајнот наликува на Aston Martin Vantage, а прилично благиот стајлинг е изненадувачки традиционален со оглед на високотехнолошкиот електричен погон кој се крие под обвивката.
На предната оска е поставен еден електромотор, а на задната уште два, со што се испорачуваат комбинирани 600 КС моќност, за што од компанијата велат дека е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за 3 секунди. Ова можеби е конзервативна проценка, со оглед на тоа дека од Piech велат дека тежината на возилото е околу 1.800 килограми, што е доста полесно во однос на повеќето електрични возила.
Од Piech велат дека овој подвиг е овозможен благодарение на лесната технологија од кинеската компанија Desten, која произведува батерии кои се полесни, работат подобро и можат да бидат полнети побрзо од конвенционалните алтернативи. Компанијата вели дека нивниот GT може да се наполни од 0 до 80 проценти за само осум минути, a со полна батерија се овозможува опсег на движење од 500 километри.
Ќе се произведуваат 1.200 примероци во првата година
Батеријата е поставена долу во центарот а возилото и преку просторот на задната оска, наместо во подот, со што се добива добра дистрибуција на тежината и ниска седечка положба. Од Piech велат дека архитектурата на возилото е целосно флексибилна, па може лесно да се адаптира да се примени кај други апликации, отворено признавајќи дека работи на SUV и спортски седан.
Исто така велат дека платформата е разноврсна доволно за да прифати алтернативни погони во иднина, но тука не станува збор за традиционален мотор со внатрешно согорување, туку за водородна технологија.
Новиот Piech GT ќе се произведува од се уште не именуван европски производител во количина од 1.200 единици во првата година од производството, а автомобилот ќе се продава во Европа, САД и Кина почнувајќи од 2024 година.
Преземено од Avtoplus.mk