Пијалак кој помалку се пие – 100 милиони шишиња останаа непродадени

131

Продажбата на шампањ, еден од најпознатите француски производи, падна нагло оваа година поради пандемијата. Претставниците на производителите проценуваат дека околу 100 милиони шишиња ќе останат непродадени, пишува Франс 24.

Поради падот на побарувачката за време на пандемијата, производителите се согласија оваа година да соберат 22% помалку грозје во споредба со минатата година.

“Кога се затворени места како барови, хотели и ресторани каде што луѓето пијат и кога се откажуваат свадби и музички фестивали, се пие помалку шампањ“, посочува Максим Тубар, претседател на Здружението на производители на шампањ.

Тој додава дека падот на побарувачката нема нужно да доведе до пад на цените и нагласува дека е важно да се зачува вредноста на производот за луѓето да не мислат дека евтиниот шампањ е лош.

Фото: Pixabay