Пилоти служат патници во национална авиокомпанија, стјуардесите отпуштени

48

Исландската национална авиокомпанија Icelandair одлучи да ги отпушти сите стјуардеси и стјуарди, со цел да ја спаси компанијата од финансиски проблеми предизвикани од новиот коронавирус, а од денеска наместо нив, пилотите ќе ги служат патниците.

“Сепак пилотите нема да губат многу време на туркање колички низ авионот, нудејќи пијалaк и храна, бидејќи таа услуга поради вирусот е намалена на минимум“, соопшти Icelandair, што претставува одлука без преседан, според која, дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во авионот.

Како што пренесуваат медиумите, засега е нејасно како пилотите успеале за два дена да се подготват за новата улога, за која стјуардите поминуваат повеќенеделна обука. Одлуката за отказ на кабинскиот персонал е донесена во петокот, по долгите неуспешни разговори со синдикалните претставници.

Business Insider наведува дека сè уште не е познато дали таквата замена на улогите е дозволена во регионите во кои сообраќа Icelandair, вклучувајќи ги САД и ЕУ.

Icelandair е основана во 1937 година.

Фото: Pixabay