Пивара го прослави 90-годишниот јубилеј

27

FOTO_Aleksandar Ruzevich_Generalen Direktor na Pivara Skopje

Големиот број гости и пријатели на Пивара Скопје, овој вторник, во Македонскиот народен театар, беа дел од временската машина која ги однесе на виртуелно патување низ 90-годишната историја, но и кон иднината на една од водечките македонски компании – Пивара Скопје, која е дел од глобалните семејства на Coca-Cola и Heineken.

На автентичен, уметнички и атрактивен начин, “зачинет“ со прекрасниот мултимедијален настап на врвни уметници, на гостите им беше раскажана една од највозбудливите домашни деловни приказни која е длабоко врежана во животот на нашата заедница.

“Секој кој барем еден ден поминал во Пивара Скопје, разговарал со некој од нејзините луѓе кои  се нарекуваат Пиварци, или имал прилика да се увери во квалитетот на нејзините брендови, е свесен за Пиварската автентична приказна за предводникот на прогресот во развојот на корпоративната култура во Македонија што прерасна во репер за успех и квалитет во домашната индустрија за производство на пијалаци, но и на севкупниот живот на зедницата. Тоа е огромно наследство за сите нас во Пивара Скопје, но и за сите генерации што ќе се грижат за нејзиниот развој во иднина, затоа што 90 години поминаа, а ние штотуку почнуваме“, порача генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ, заблагодарувајќи им се на сите генерации вработени во Пивара Скопје кои го вградиле своето знаење, енергија и љубов во успехот на компанијата и нејзините брендови.

piv

Присутните на прославата се потсетија на почетоците на Пивара Скопје од пред девет децении, како најава за индустријализацијата на земјата, преку периодот на инвестициски процут во кој се воведени најсовремените стандарди за менаџмент и лидерство во сите бизнис сегменти во земјата, па сѐ до нејзиниот придонес и долготрајна, конзистентна поддршка на традиционалните вредности на заедницата, но и на новите, современи трендови на живеење. Токму во овој дел, актуелно е значењето на партнерството на Пивара Скопје со македонскиот репрезентативен ракомет кое континуирано трае веќе 34 години, како и за резултатите од Програмата за едукација и обука на Пивара Скопје низ која за 17 години поминаа над 3.300 млади перспективни луѓе од земјава, стекнувајќи сѐ со знаења и вештини кои им помогнаа да прераснат во следната претприемничка и менаџерска елита во земјата.

Приказната за наследството на Пивара Скопје содржи и проекти за одговорен однос кон пиењето, за воспоставување највисоки стандарди и вложувања во заштитата на екосистемот, како и во обезбедување безбедна и здрава работна средина. Тоа знаење несебично се споделува и со младите кои се поттикнуваат да го практикуваат активниот и здрав животен стил кој подразбира балансирана исхрана и редовни физички активности. На ваков начин, преку својата конзистентна подршка на сето она што е значајно за вработените, за потрошувачите, за соработниците, со еден збор за сите во нашата заедница, Пивара Скопје уште еднаш потсети на својата големина и значење, најавувајќи дека и во иднина ќе го темели и споделува својот успех врз основа на потребите на сите сегменети од заедницата на која и припаѓа.