Пивара Скопје го одбележува Светскиот ден на одговорна консумација на пиво

20

FOTO_GBRD 2016

Пивара Скопје и оваа година со голема посветеност се приклучи кон одбележувањето на Светскиот ден на одговорна консумација на пиво – 16 септември, стои во соопштението.

Иницијативата за ваков ден на кој на глобално ниво се нагласуваат напорите и континуираните активности за промоција на одговорната консумација на алкохол, ја дадоа трите најголеми светски производители на пиво, меѓу кои е и групацијата Heineken, каде припаѓа и Пивара Скопје.

Во пресрет на годинешното одбележување, Пивара Скопје ја засили комуникацијата и активностите поврзани со одговорната консумација, кои континуирано се спроведуваат во текот на целата година. Пораките и советите за одговорна консумација се дел од сите пивски фестивали, популарни концерти и останати манифестации кои во текот на годината ги поддржува Пивара Скопје и на кои се застапени нејзините пивски брендови. Тие се неизбежен дел и од директната комуникација со консументите преку сите комуникациски канали, вклучувајќи ги и најпопуларните социјални мрежи.

Во ширењето на културата на одговорно консумирање алкохол, Пивара Скопје, покрај сите свои вработени, соработници и партнери, оваа година вклучи и голем број успешни јавни личности кои преку својот начин на однесување и лични пораки, претставуваат пример за останатите граѓани, особено за младите. Оваа група Амбасадори на одговорната консумација на Пивара Скопје, покрај другите ја сочинуваат и голем број спортисти, како што се членовите на македонската ракометна репрезентација, вљубеници во моторите, како и автомобилски асови кои зборувајќи од сопствено искуство од патувањата и настапите на најпознатите светски автомобилски рели патеки порачуваат дека алкохолот и возењето никогаш не одат заедно.

Пивара Скопје активно и континуирано соработува со сите релевантни институции и невладини организации во реализацијата на активностите за ширење на културата за одговорна консумација.

“Ние во Пивара Скопје веруваме дека само одговорното консумирање може да овозможи вистинско уживање во пивото. Прекумерната консумација не значи успех за нашиот бизнис и не придонесува за одржлив раст на општеството во целина. Веќе подолг период ја развиваме и надградуваме кампањата за одговорна консумација на пиво со цел подигање на свеста за одговорна консумација и намалување на последиците поврзани со прекумерното консумирање алкохол. Сметаме дека како најголем производител на пиво во земјата имаме долгорочна обврска да ја шириме културата на одговорно консумирање, да ги втемелиме и да живееме со вредностите на одговорната консумација како дел од нашето секојдневие во заедницата на која ѝ припаѓаме“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

Кон годинешното одбележување на Светскиот ден на одговорна консумација, се вклучија пиварници од 76 земји ширум светот кои заедно со голем број институции и професионални асоцијации, граѓански организации, трговски ланци и јавни личности кои активно ги комуницираат пораките за одговорна консумација со над 200 милиони потрошувачи.