Во Зрењанин, Србија, во стариот погон на пиварата која престана со производство по процесот на приватизација во 2003 година, ќе биде отворен Музеј на пивото, според замислата на здружението на граѓани Урбан форум.
Идејата е во музејот да стојат автентичните бакарни казани, пивски чаши, шишиња, кригли, етикети од пиво од целиот свет, пивски алати и експонати, видео и фото материјал и документи врзани со историјата на пиварството, пишува Дневник.
“Музејот на пивото сигурно ќе влијае за подобрување на имиџот на градот, познат по индустријата на пиво од 1745 година, една од најстарите на Балканот”, вели Војислав Цвејиќ, претседател на здружението и додава дека музејот би требало да биде отворен до крајот на април.