Пивоварна Лашко ги продава недвижнините во Словенија и Хрватска

79

laskoСловенечката компанија Пивоварна Лашко огласи дека ги продава недвижнините што ги поседува во Словенија и Хрватска. Станува збор за една куќа во Словенија и пет апартмани во Хрватска.

Рокот за предавање на понуди е до 4 април.

Надзорниот одбор на Пивоварна Лашко минатата недела соопшти дека ги има резултатите од студијата за алтернативни сценарија за финансиско преструктуирање. Целта на групата е да се забрза отплатата на долговите. Дело веќе договори продажба на уделот во весникот Вечер, додека Пивоварна Лашко ќе ја продава производната техничка опрема од Јадранска Пивовара во Сплит.

Во рамките на Лашко група се наоѓаат компаниите Пивоварна Унион, Фруктал, Раденска и Витал Местиње, а групата има удели и во компаниите Меркатор, Дело, Словита, Јарданска пивовара, RA&LA и Фирма Дел.