Пижамите се продаваат како никогаш досега

78

Европските и американските синџири на продавници за облека не успеваат никако да се ослободат од натрупаните залихи и ги намалуваат нарачките за пролетните колекции, но фабриките во Бангладеш залудно чекаат нарачки, бидејќи како никогаш досега е зголемена побарувачката за пижами.

Глобалната текстилна индустрија дури сега почнува да закрепнува од тешката 2020 година, кога стигна и новиот бран на ширење на вирусот и ограничувања што се преземаат за да се намали заразата, но и слабиот тек на имунизацијата.

Здружението на производители и извозници на облека од Бангладеш спроведе анкета во 50 фабрики и утврди дека оваа сезона порачките се намалени за 30%, поради предбожикниот карантин во поголемиот дел од Европа.

“Порачките вообичаено стигнуваат три месеци однапред. Но, порачките за март сè уште ги нема“, вели Шахидулах Азим, сопственик на фабрика во Бангладеш, кој соработува со северноамерикански и европски компании.

“Доколку сакате да знаете што се носи во Велика Британија – во мода повторно се пижами“, рече Стив Роув, извршен менаџер на Marks&Spencer.

И Hugo Boss алудираше на истиот феномен, намалувајќи ја понудата на класична деловна облека и проширувајќи ја на лежерната за дома и за слободно време.

“Побарувачката за пижами никогаш не била толку голема, но ние не можеме да правиме само пижами“, вели Азим.

Фото: Freepik