Pizza Hut: Порачување пица со притискање копче на патики

27

pizza-hut

Ланецот Pizza Hut претстави иновативен начин за порачување пица преку копче поставено на “јазикот“ од патиките, пишува Adweek.

Задача на корисникот е да го притисне копчето, од каде што се испраќаат информации за неговата местоположба и промотивната пица е нарачана.

Уникатните патики се изработени во ограничена количина, а со нив во текот на март и април ќе може да се порачуваат две пици по промотивна цена од 7,99 долари.

Маркетинг агенцијата Droga 5 стои зад оваа креативна идеја.

ФОТО: Youtube screenshot