Плаќаат над 2.300 различни давачки кон државата

32

Во Црна Гора постојат 2.302 различни државни и општински давачки коишто ги плаќаат граѓаните, компаниите и бизнисмените.

Овие давачки се дефинирани преку 827 различни правни акти, пишуваат црногорски Вијести, повикувајќи се на податоци од сајтот javninameti.gov.me, што го подготвија министерствата за финансии и економија.

На сајтот се наведува дека бројот на овие давачки можеби не е конечен. Тамошниот владин совет за конкурентност ќе формира работна група што ќе се занимава со примена на законот за регистар на јавни давачки, којшто на едно место ќе ги дефинира сите јавни давачки.

“Сведоци сме дека парафискалните давачки во Црна Гора се бројни и високи и за компаниите претставуваат сериозен административен проблем, бидејќи тешко може да се следат измените на регулативите со коишто се воведуваат овие давачки“, велат од Американската стопанска комора во Црна Гора.

Фото: Pexels