Плаќање со картичка и во црква

43

Во црквите во округот Кремона во Италија од саботата може да се користи кредитна картичка за донации.

Верниците може да одберат дали прилогот, платен со кредитна картичка, ќе биде користен за потребите на заедницата, за помош на верскиот персонал или за добротворни цели.
Една од парохиите кои ја воведоа оваа новина, Чикоњара, соопшти дека на овој начин сакаат да постигнат повеќе цели истовремено.

Сакаат да ги смалат директните контакти во склад со антиковид мерките, да се заштитат од крадци кои се дрзнуваат да ги крадат доброволните прилози од верниците.

Фото: Pixabay