План за стан на Охридска банка со признание за општествена одговорност

31

ohridska-banka

Бизнис конфедерацијата на Македонија ѝ ја додели Меѓународната награда за општествена одговорност на Охридска банка Сосиете Женерал за концептот План за стан, категоризирајќи го како проект од општествен интерес којшто има придонес кон пазарот и клиентите, стои во соопштението.

Концептот План за стан, со вклучено кредитно животно осигурување, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави на почетокот од минатата година, со цел да им обезбеди на клиентите уникатен производ на станбен кредит којшто се одликува со најдолг временски период на гарантирана каматна стапка, транспарентност и безгрижност, бидејќи клиентите со сигурност го знаат износот на својата месечна рата.

“Ни претставува чест и задоволство што, покрај признанијата од страна на клиентите, и институциите во државата ги препознаваат заложбите на нашата банка во развојот на производи и услуги кои во целост ги задоволуваат барањата и потребите дури и на најспецифичните категории клиенти. Со концептот План за стан со кредитно животно осигурување, клиентите точно го знаат износот на месечната рата, без ниту едно изненадување во иднина или скриен трошок. Уверени сме дека создадовме портфолио кое дури и на најколебливите клиенти ќе им ја олесни одлуката за долгорочно планирање и обезбедување сопствен дом, со оглед на тоа што сигурноста, стабилноста и транспарентноста се клучни при купувањето на сопствен дом. Уште една потврда за нашата посветеност кон клиентите е дополнителното кредитното животно осигурување со кое, во случај на немил настан, клиентите добиваат дополнителна сигурност и финансиска поткрепа на семејството“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

dodeluvanje-na-nagrada

Уште една потврда за сигурноста што ја обезбедуваат производите на Охридска банка Сосиете Женерал се опциите за вклучено кредитно животно осигурување. Банката им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит План за стан 2030, да изберат меѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.

“Охридска банка Сосиете Женерал поседува стратешки приод кон општествената одговорност кој со години наназад промовира и укажува на успешни општествено одговорни практики во нашата земја, за односот кон вработените и општеството, односите на пазарот, кои можат да се користат како позитивен пример и мотивација за останатите банки. Перманентно развивајќи практики на општествено одговорно однесување во своето работење, Охридска банка Сосиете Женерал продолжува да ги инкорпорира принципите во својата деловна стратегија, со цел на етички и на транспарентен начин да ја афирмира својата определба за одржлив развој, со едновремено остварување на интересите на своите чинители. Охридска банка Сосиете Женерал ги следи интернационалните стандарди, а со тоа докажува дека корпоративната култура и човечкиот капитал се најважен дел од компанијата. Да се биде банка со бројни признанија претставува двигател, но и предизвик за Банката да продолжи да ги унапредува општествено одговорните практики. Ова е втора награда што Охридска банка Сосиете Женерал ја добива за своето општествено одговорно работење. Во 2015 година, Охридска банка Сосиете Женерал ја освои наградата за општествена одговорност во категоријата Односи на пазарот за проектот Осигурување на кредитни и дебитни картички“, изјави извршниот претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.