Германија е најпосакуваната држава за имигрирање. Доказ за тоа се германските конзуларни претставништва во земјите од Западен Балкан. Тие се претесни да ги примат барателите за работни визи, чиј број оваа година речиси тројно се зголемил.
Германски Шпигел, со натписите потврди уште во првата половина во 2019 година за оваа голема бројка. Според овој угледен германски весник, пристигнале неверојатни 52.000 барања за работни визи. Тоа е речиси што е двојно повеќе во однос на истиот период минатата година.
Германија со одлука во 2016 година за безбедни ги прогласи Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија. Со тоа се прекина можноста за азил за граѓаните на овие држави. Најмногу работни дозволи се издаваат за градежниот сектор, гастрономија и нега на луѓе.
Минхен ја предводи листата на најдобри градови
Истражувањето се правело според достапноста на работни места и според тоа во кој град најмногу може да се напредува. Според истражувањето и анализата, предводат центрите на автомобилската индустрија.
Минхен е со најсилна економија од сите градови во Германија, како и најниска стапка на невработеост (5,6%). Градот, исто така, е и главниот економски центар на јужна Германија. Иницијативата Нови социјални и пазрни економии и списанието WirtschaftsWoche во јуни 2006 година за трет пат го наградуваат Минхен. Наградата беше освоена трет пат со прво место во своите анализи и истражувања. Во 2005 година списанието Capital го рангира Минхен од шест германски градови на прво место според економските перспективи. Минхен се смета за светски град на силни компании. Tука се сместени главните централи на моќните германски компании. Тоа се: Siemens AG (електроника), BMW (автомобили), MAN AG (камиони, инжинерство), Linde (гас), Allianz (осигурување) и Munich Re (реосигурување). Меѓу германските градови со над 500.000 жители, Минхен е со највисока куповна моќ (26.648 евра по жител за 2007 година). Во 2006 година платата на еден физички работник во просек изнесуваше 18,62 евра на час.
Индустрискиот град Волфсбург е дом на најбогатите германски државјани. Автомобилската индустрија е во основата на високиот стандард на живеење во градот. Волфсбург со своите 124.000 жители е град на автомобилите во секој поглед. Секое работно место во Волфсубрг, директно или индиректно, зависи од Volkswagen. Бруто домашен производ (БДП) по глава на жител изнесува 92.000 евра. Тоа е традиционално индикатор за економската состојба на еден град, жителите на Волфсбург се финансиски најстабилни во Германија.
Инголштат е град во централна Баварија, Германија. Низ него поминува реката Дунав. Има околу 122.000 жители, со што тој е меѓу шесте најголеми градови во Баварија. Што е Volkswagen за Волфсбург, за Инголштат е Audi. Седиштето на германскиот автомобилски производител Audi се наоѓа во Инголштат, како и седиштата на електронските продавници MediaMarkt и Saturn.
Ерланген е германски град во Средна Франконија, Баварија. Ерланген има повеќе од 100.000 жители и е познат по неговиот универзитет. Но, исто и по повеќето подрачни канцеларии на Siemens, како и по големиот институт на Фраунхоферовото друштво. Настан кој сѐ уште влијае на градот е населувањето на хугенотите по нивното повлекување од Нантскиот указ во 1685 година. Предност е што помалку од 3% од населението на градот зависат од социјална помош. Тоа е најниска стапка во цела Германија.
На петто место на најуспешните градови е престолнината на Баден Виртемберг. Тој е главен град на Баден – Виртемберг со околу 590.000 жители во градот, а има и три милиони во неговата околина, односно Штутгартскиот регион. Штутгарт е еден од најпознатите германски градови по културна, административна и економска важност. Штутгарт се наоѓа во центарот на многу густо населениот југозападен Штутгартски регион (со околу 2,7 милиони жители и 3.700 километри квадратни), блиску до Шварцвалд и Швапската Јура. Само градскиот центар, сместен блиску до реката Некар, има околу 590.000 жители. Со над 1.300 патенти на 100.000 жители, овој град е најкреативниот град во Германија. Регионот цвета со децении. Работни места носат автомобилските производители Mercedes и Porsche, како и фабриката за електрични апарати Bosch.