Плата за март не исплатиле 14.998 фирми за 54.662 вработени

21

За февруари сѐ уште плата немаат исплатено 3.784 фирми за 9.947 работници, а до законскиот рок-15 април, мартовска плата немаат исплатено 14.998 фирми за 54.662 работници, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

“Поради тоа што мерката за помош на плата сѐ уште не е реализирана, УЈП нема присилни наплати за февруари, а за март не се пратени опомени“, рече Лукаревска.

Во однос на компаниите што направиле злоупотреба на државната помош за декември во тек се конторли, а потоа списокот јавно ќе се објави.

“Постојано сме во конатакт со Трудовиот инспекторат и секој посатапува во рамките на својата надлежност, а во контакт сме и со јавното обвинителство“, рече Лукаревска.