Платформа за економски развој на државата

21

Заменикот на претседателот на владата задолжен а економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи го претстави мандатното писмо, во којашто, меѓу другото, ја најавува платформата за економски развој на државата.

“Заедно за креираме Платформа за економски развој на државата во којашто ќе бидат вклучени сите чинители во општеството: синдикатите и работодавачите, стопанските комори и експертите кои ја сакаат оваа држава“, вели Битиќи.

Тој за претстојниот мандат најавува: намалување на сиромаштијата под 16%; инвестирање во човечкиот капитал и отворање нови работни места, како и намалување на невработеноста на едноцифрен број; борба со сивата економија; економски раст од 4%; развој на иновативни и нови технологии со цел земјата да стане регионален старт – ап центар; дигитализација на општеството, влог во младите…

Битиќи најави и формира на Централна единица за поддршка на јавните институции на влади ниво, којашто ќе обезбеди експертиза за реализација на капиталните инвестиции, а ќе има цел навремено, целосно и транспарентно реализирање на буџетските расходи.