Платината со највисока вредност во последните шест години

29

На пазарите на благородни метали платината достигна вредност од 1.337 долари по унца, што е највисоко ниво во последните шест години.

Пред само една година, цената на платината беше скоро двојно пониска, 640 долари.

Оваа година, цената на платината се зголеми за 20% поради очекувањата дека автомобилската индустрија ќе закрепне и дека ќе се зголеми интересот за обновливи извори на енергија. Во исто време, побарувачката за платина би можела да се зголеми кога производителите ќе сфатат дека овој метал е многу поевтина алтернатива од паладиумот.

Цената на унца злато, во меѓувреме, се намали на 1.800 долари.

Фото: Freepik