Плива Скопје донираше пола милион денари на Клиниката за радиотерапија и онкологија

27

Фармацевтската компанија Плива од Скопје донираше околу 500.000 денари за изградба и екипирање на посебен кабинет за најсофистицирано подготвување  на цитостатска терапија за пациентите на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје.

“Со оваа донација ја продолжуваме нашата определба и препознатливост на високо одговорна општествена компанија, респектабилен производител,  кој гради партнерски однос и води грижа за потребите на заедницата”, изјави директорот на Плива Скопје, Петар Велкоски.

Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија д-р Милан Ристески изрази благодарност од името на Клиниката, до фармацевтската компанија, која ја препозна потребата за ваков кабинет и со оваа донација придонесе во осовремнувањето на третманот на пациентите на кои тоа им е најпотребно.