Плива со втора донација за Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија

20

plivaУниверзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје, по втор пат доби донација од фармацевтската компанија Плива. Со донацијата ќе биде преадаптиран просторот за Кабинетот за централно гравиметриско подготвување на хемотарапија и тотална парентерална исхрана, а ќе биде изградена и чекална во амбулантниот дел на Клиниката.
Милан Ристевски, директорот на Клиниката, истакна дека донацијата на Плива е од суштинско значење за работата на институцијата и пациентите.
“Донацијата се однесува на преадаптација на просторот за Кабинетот за централно гравиметриско подготвување на хемотарапија и тотална парентерална исхрана, кој во целост ќе ги исполнува ISO 5 критериумите и QUAPOS стандардите, со целосно вградена процедура и проверка и осигурување на квалитетот на постапката. На тој начин ќе се отстрани секаков тип на грешка во однос на дозирањето и спремањето на хемотерапијата и истовремено ќе ги заштити вработените од штетните последници при подготвувањето на биохазардните лекови. Со оваа донација ќе се изгради и чекална за пациентите, тоа досега се правеше во ходниците на клиниката”, рече директорот Ристевски.