Плотните FENIX NTM® го наоѓаат својот дом во македонските кујни

207

fenix-glavna

Потенцијалот на FENIX NTM плотните беше забележан на саемот за кујни во Милано 2014, со нагласен тренд кон мат површините на изложените кујни. За разлика од класичните плотни, кои се обложени со ХПЛ фолија (високо пресуван ламинат), каде декорот на фолијата го создава декоративната меламинска хартија импрегнирана во смоли под висок притисок и топлина, кај FENIX NTM употребена е нанотехнологија за импрегнирање на декортивната хартија (декорот) и технички процес наречен електробим (electrobeam). Благодарение на нанотехнологијата, FENIX NTM термички заздравува секакви микро-гребнатинки. На видеото ќе забележите дека е доволно со топлина да поминете по гребнатата површина и таа ќе се врати во првобитната состојба. Овој процес може да го повторите неограничен број пати.

Дополнително, FENIX NTM е отпорен на триење и сува топлина. Спречува размножување на бактерии, но во исто време и ги уништува, правејќи ја површината хигиенска за подготовка на храна и лесно одржлива. Не пропушта течности и е отпорна на мувла. Дебелината кај FENIX NTM фолијата кај плотните е 0,8 мм и може да издржи топлина до 180°С. За да го продолжите времетраењето на плотната, се препорачува топлите садови да се постават на дрвена или жичана подлога.

osobini

Предниот дел кај овие плотни е покриен со АБС трака која е залепена со употреба на ласерска технологија. Компактниот спој меѓу траката и плотната не дозволува влагата да навлезе во јадрото, додека траката со нејзиниот минимален радиус од 2 мм и дава на плотната правоаголен и модернистички изглед.

fenix-worktop-MK

Доколку се замислувате себеси како готвите во модерна кујна која ги искористува придобивките на плотна со FENIX NTM фолија – посетете нè заедно да ја одбереме вистинската нијанса.

vasa-vizija-footer-580