Најголемиот град во Холандија, Ротердам, наскоро ќе ја добие првата пловна фарма за крави во светот, пишува The Guardian.
Станува збор за проект на компанијата Beladon, којашто е специјализирана за изработка на пловни објекти. На фармата, којашто ќе чини 2,5 милиони евра ќе се одгледуваат 40 крави коишто ќе даваат 1.000 литри млеко дневно. Оваа количина на млеко ќе се пастеризира и преработува во млекарницата сместена еден кат под фармата на којашто ќе бидат кравите.
За изградба на пловната фарма ќе се користат лесни и издржливи материјали. Ќе биде интегрирана специјална технологија со којашто ќе се филтрира урината на кравите за одгледување на растенија, а изметот ќе се преработува и ќе се користи за производство на топлинска и електрична енергија на фармата.