Пловна платформа ја филтрира водата во океанот и ја рециклира пластиката

42

1

Кристијан Ерхмантраут разви прототип на пловна платформа што го филтрира океанот и ја апсорбира пластиката. Лоциран на четири километри од брегот на Велигденскиот Остров, тетраедарската платформа врши еден вид на дијализа на природната средина во Јужниот Пацифик, и додека ја чисти истовремено произведува енергија и храна.

2

Архитектот на проектот идејата ја добил од реалноста – еднократната употреба на пластиката и нејзиното загадување на природата. Фрапантен е фактот што на пластиката потребни и се 500 години да се разгради, а се употребува просечно пет минути и потоа се фрла.

“Малкумина знаат каде завршува ова голема количина на ѓубре – во океаните, убива тивко и уништува се, па дури и луѓето“, вели Ерхмантраут, објави Huffington post.

3

Дизајнот на тетраедарот е едноставен, чист, стабилен и статичен. Неговиот волуменот е ист како и на товарен брод. Водата од океанот се насочува кон зоната за рециклирање преку гравитациски филтри што ја делат водата од пластиката, што подоцна се обработува во пластични тули, плочки, или други предмети што можат да се користат за да се подобри квалитетот на животот на оние кои имаат потреба од тоа. На површината има погодна зона за живеење на која има градини што произведуваат храна за 65 работници. Покривот е направен од фотоволтажни ќелии.

4

За да може да се собере пластиката развиен е модуларен систем на бариери што го одделуваат живиот свет од пластика и истовремено произведуваат енергија и овозможуваат слободен премин на риби и чамци.

5