Pluglight – две во едно, ламба и полнач

63

SONY DSC

Фото: ARI

Холандското дизајнерско студио ARI создаде уред што истовремено функционира како ламба и полнач за мобилни телефони, лаптопи и слично, пишува Designboom.

Pluglight е изработен од светкави акрилни блокови и посебна цевка низ којашто се спроведува светлината и којашто ги вклучува сите технички компоненти. Уредот ја користи постоечката светлинска мрежа чие осветлување е идеално за оние кои работат од дома, за светлина во кафулиња, библиотека и слично.

Идејата за ламбата – полнач произлегла од лична фрустрација на креаторот со испреплетени кабли на подот.