PMI Македонија со отворена покана за настан од областа на проектен менаџмент

157

Од неодамна во Македонија започна да функционира локалната организација на Институтот за Проектен Менаџмент (PMI) од Америка.

Оваа организација се формираше благодарение на упорноста и истрајноста на локалниот тим којшто успеа да ги помине сите фази на евалуација од страна на PMI и на 02.07.2018 со мала пригодна свеченост го потпишаа договорот со Институтот.

PMI или Project Management Institute е организација формирана далечната 1969 година и оттогаш преставува стандард за проектен менаџмент. Во моментов има преку 500.000 членови, 800.000 PMP сертифицирани професионалци, 285 локални организации и 20 потенцијални организации. Постојат 112 акредитирани академски програми низ цел свет, 10.000 активни волонтери, вработени во 17 канцеларии низ светот и членови од 182 земји и 25 територии.

PMI Македонија во моментов има 39 членови, од коишто 25 се PMP сертифицирани и 2 CAPM сертифицирани.

Бордот на директори го сочинуваат: Долорес Ананиева – потпретседател, Ана Темелкоска Илоски – Директор за финансии, проф. Д-р Вангел Фуштиќ – Директор за образование, Дарко Димитровски – одговорен за членство и Томислав Лимбевски – Претседател. Организацијата се раководи исклучиво на волонтерска база.

Како дел од многуте планирани активности е и организација на настан од проектниот менаџмент. Настанот ќе се одржи во среда 17.10.2018 со наслов: Проектен менаџмент лесен во теорија, но тежок во пракса, во просториите на иновацискиот центар во ФЕИТ.

На настанот ќе земат учество еминентни експерти од Македонија во областа на проектниот менаџмент како и регионалниот ментор на PMI – Каталин Догару.

Сите заинтересирани за едукација во проектниот менаџмент, можат да ја посетат веб страната: www.pmi-macedonia.mk или www.pmi.mk и да го контактираат тимот за било какви прашања преку контакт формата.