По 138 години, Централната банка на Јапонија доби прва жена извршен директор

50

Јапонската централна банка именуваше прва жена за извршен директор во 138 години постоење.

Токико Шимицу, 55-годишна банкарка, поставена е на место извршен директор во рамки на голема реорганизација во централната банка, со што стана дел од тимот од шест раководители одговорни за водење на банката.

Шимицу почнала да работи за Банка на Јапонија во 1987 година. Водела работи во одделение за финансиски пазари и девизно работење, а беше генерален директор за Европа и главен претставник во Лондон од 2016 година до 2018 година.

Банка на Јапонија е основана во октомври 1887 година.

Фото: Facebook