По 142 години доминација на САД, Кина е светски лидер по куповна моќ

26

sad i kina

Кина ги надмина Соединетите Американски Држави и стана прва економија според куповната моќ, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд.

САД беа глобални лидери според куповната моќ на населението откако ја надминаа Велика Британија во 1872 година. По цели 142 години доминација, Кина го презема приматот со економија вредна 17,61 илјади милијарди долари, наспроти 17,4 илјади милијарди долари на САД, пренесува Daily mail.

Кина, според податоците на ММФ, би можела да ја задржи водечката позиција бидејќи во следната деценија планира раст на домашната потрошувачка од 7,7% годишно. Проценките велат дека кинеската економија во 2019 година ќе достигне вредност од 26,98 илјади милијарди долари.

Зад Кина и САД, според куповната моќ, се најде Индија, а зад нив се Јапонија и Германија, на четвртото, односно петото место. Во првите 10 земји, според овој критериум, се најдоа и Русија, Бразил, Франција, Индонезија и Велика Британија.

Голем број економисти ширум светот сметаат дека паритетот на куповна моќ е најправедна мерка за моќта на економија, бидејќи таа ги зема во предвид трошоците на живот во секоја земја.