По 15 години: И Старбакс дефинитивно ја напушта Русија

92

Старбакс ќе го напушти рускиот пазар по речиси 15 години, објави корпорацијата.

Синџирот кафетерии има 130 продавници во Русија и речиси 2.000 вработени, кои ќе продолжат да земаат плата во следните шест месеци, бидејќи компанијата изјавила дека ќе продолжи да му дава поддршка на својот руски персонал, пренесува Би-Би-Си.

Сите локали на Старбакс беа привремено затворени во март, а целата нивна деловна активност беше исто така прекината поради војната во Украина.

Пред Старбакс, по 30 години, синџирот за брза храна Мекдоналдс целосно ја напушти Русија, продавајќи ги сите свои 850 ресторани на локален клиент, што го означи напуштањето на рускиот пазар на еден од најголемите западни брендови.

Старбакс, кој ја отвори својата прва кафетерија во Русија во 2007 година, не соопшти детали или финансиски последици за компанијата што го напушта рускиот пазар.