По 22 години, Nokia промовираше нов “банана телефон”

88

180226112205-nokia-banana-phone-780x439Фото: Nokia

По цели 22 години, Nokia повторно го презентираше легендарниот телефон, но во современо издание – 8810 е новиот “банана модел”, пренесува CNN.

Мобилниот телефон ќе има жолта боја и мал екран, Smart Feature оперативен систем, 4G интернет, Facebook апликација, Google’s Assistant, Maps, Twitter и легендарната игра Snake.

Новата Nokia 8810 ќе се продава по цена од 79 евра.

Првиот ваков телефон беше претставен во 1996 година, а постигна огромен успех во филмот со Кијану Ривс, Матрикс. Батеријата траеше до шест дена, имаше шест музики за ѕвонење и капацитет за зачувување до 324 имиња и броеви.